Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евија. Земјотресот е почувствуван и во Атика, јавуваат грчките медиуми. По него, следуваал послаб земјотрес со јачина од 2,4 степена според Рихтеровата скала. Потресот се случил на длабочина од 13,2 километри и пет километри источно од градот Псана на Евија.