11.5 C
New York
Wednesday, September 27, 2023

Buy now

spot_img

Компаниите со екстра профит на државата ќе и платат 30 %  кризен данок

Компаниите кои ќе направат приход поголем од 10 милиони евра , како кризен данок ќе плаќаат 30 %  од добивката.

Овој еднократен данок ќе се применува за компании кои имале годишен приход од над 10 милиони евра, но  притоа ќе го зголемат профитот за повеќе од 20 отсто во однос на претходните четири години

На листата на големи компании кои ќе бидат опфатени со т.н. кризен данок  ќе се најдат банки, фармацевтски, информатички  компании, но и некои од непосредното производство, појасни денес вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во овие 30 отсто влегува стандардниот данок на добивка од 10 отсто и плус 20 отсто ќе биде дополнителниот данок кој ќе важи само еднократно, односно само за 2022.

Вицепремиерот Битиќи денес на прецизираше за колку компании станува збор, но во јавноста веќе неколку денови се калкулира со бројката од околу 180 компании, од кои се очекува како данок на екстра профит да се соберат околу 90 мил евра.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,873FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles