Жителите на село Караорман денеска повторно излегоа на протест поради ископувањето на песок од Брегалница кое за нив и нивните земјишта може да биде фатално. За утре најавија блокада на патот од Караорман за Штип.
Инспекторите кои овде извршиле увид грчат рамења, велат жителите на Караорман.
За овдешните жители неправди има повеќе.
Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и денес беа подршка на жителите од Караорман, а на надлежните органи им порачаа да работат според законот.
Причина плус за протестот е стравот на овдешните жители од носење на нивните земјишта кое пред неколку години се случи токму поради искпување на песокот од Брегалница.