Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам”, информираше Министерството за внатрешни работи .
Тој на 17. декември од својот мобилен телефон се јавил во Одделението за внатрешни работи во Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби.
Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети а С.Ѓ. бил лишен од слобода.