За првпат по еднаипол деценија, општина Пробиштип во новата буџетска година влегува без „подјаден“ буџет , односно без долгови. Сето она што како товар со години и тежеше на општината, конечно е оставено во минатото.
Со долг од над три милиони евра, таложен со години наназад, општина Пробиштип беше најзадолжената општина во Регионот. Тоа беше причина за неможност да се планираат целосно развојните проекти, но и да се креира буџетот на општината според потребите, поради обврските за враќање на долговите.
Минатата година, општина Пробиштип ја заврши со респектабилна реализација на буџетот од 89,5 %, а за наредната година има буџет од 173 милиони денари. Од нив, дури 90 милиони се наменети за капитални инвестиции.