12.2 C
New York
Wednesday, September 27, 2023

Buy now

spot_img

И оваа година рудник „Саса“ подели бонуси, новогодишни пакетчиња  и хуманитарни пакети

И оваа година рудникот Саса подели празнични бонуси за вработените, новогодишни пакетчиња за децата и 150 хуманитарни пакети за социјално ранливите групи од Македонска Каменица.

Традиционално пак, на новогодишната ноќ, претставници од менаџерскиот тим на САСА ќе ги посетат вработените во рудникот, како и дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и полицијата во Македонска Каменица кои ќе ја дочекаат новата година на своите работни места, при што ќе им дадат подароци.

Ова е посебен период од годината кога сите посакуваме да добиеме подарок и порака со желби за среќа, добро здравје и успех во новата година. Затоа ние како компанија сме среќни и благодарни што имаме можност да помогнеме сите кои се дел од оваа заедница, особено децата и ранливите семејства, да ја почувствуваат радоста и магијата на новогодишните празници. Се разбира, сакавме да ги наградиме и нашите вработени кои покажаа голема посветеност во работењето и вложија голема енергија во реализација на нашите капитални инвестициски проекти кои треба да обезбедат одржлив развој на САСА во годините што следуваат“, изјави генералниот директор на САСА, Крис Колбурн.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,873FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles