По исплатата на студенскиот оброк студентите од утре треба да очекуваат и исплата на стипендии од страна на Министерството за образование и наука. Од таму велат дека исплатата започнува етапно, а ќе заврши до првата половина на јануари.
„ Од петок ќе се исплатат средствата за одредени категории на стипендии, а потоа од понеделник ќе продолжи и исплатата на останатите. До прва половина на јануари ќе бидат исплатени сите постојни корисници на стипендија за три месеци“, велат од МОН.