Регуаторната комисија за енергетика вчера ја намали цената на струјата за малите и средни претпријатија за околу 20 %, но за намалување на цените на производите , граѓаните ќе почекаат. Според владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов првите ефекти би требало да се почувствуваат во февруари.
Доколку цените и покрај намалениот трошок за струја не се намалуваат или намалувањето е незначително, тогаш на сила стапуваат други мерки.
Преходно, Владата обезбеди повластена цена на струјата и за големите компании за 95 евра за мегаватчас, и предвиде намалување на цените за 7-10 % од декември.
Дел од производите, веќе се продаваат со намалени цени, но според многумина, намалувањето не е според очекувањата.