Дејан Пешов, синот на Ружа Пешова, која 4 месеци живее без струја, одлучи на мајка му за Нова Година да и ја пушти струјата,откри денес сосетката на Ружа Николина Павлова.
Струјната голгота на Пешова е голема опомена таа да не се повтори, поради тоа, таа со Ружа веќе разговарала, ЕВН да и инсталира посебна линија.
Доколку синот Дејан се предомисли и за Нова Година Ружа остане без струја, на неа вратите и ги отвоара сосетката Николина.
Случајот со Ружа Пешова кај голем дел од јавноста предизвика интерес поради четиримесечниот живот без струја, откако нејзиниот син, поради спор за висината на сметките на мајка му и ја исклучи струјата.