15.3 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Со денешниот свети Игнат почнуваа бадниковите и божикни обичаи

Денес е свети Игнат, денот кога според многумина почнуваат вистинските бадникови и божикни обичаи.

Колективната меморија на овие простори запаметила  дека се’ што ќе се направи на овој ден ќе го правите во текот на целата година, односно каков ќе ви биде денот денес, таква ќе ви биде годината.

За да го избегнат малерот постарте од утринава ги затвораат вратите за да не им влезат лоши луѓе дома и лоша да им биде годината. Исто така, денес на никој не позајмувате пари, за цела година да не ги давате. Со денешниот ден се врзува и обичајот за месење колачиња  како вовед во претстаојните  коледарски обичаи.

Во источниот регион, денот на свети Игнат се поврзува со верувањето дека од денес почнува да расте денот и тоа како иглен врв. 

Инаку, црковно празникот е посветен на свети Игнат Богоносец – момчето кое во своите прегратки го држел Исус:

Во времето кога Господ ги учел своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зел едно дете, го поставил меѓу нив и им рекол: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“. Тоа дете бил Игнатиј. Овој славен вљубеник во Господа пострадал во 106 год. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера“, стои во црковните записи.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles