Со две сообраќајни жртви за само два дена , започнува Новата година . Ваков несреќен биланс никој не очекуваше, но прашањето за безбедноста се поставува веднаш.
Дали маглата или возачите во случајов се виновни за трагичниот биланс.
По двата несреќни случаја, од полицијата потенцираат дека вниманието мора да биде на максимално ниво.
Во годината којашто е прад нас сообраќајно – безбедносни предизвици претстојат уште многу , а новоизградените експресни патишта не се гаранција дека сообраќајните незгоди ќе бидат помалку, доколку одговорноста паѓа.
Во просек на патиштата годишно гинат околу 150-160 лица. Најмалку жртви се избројани во 2021 година кога имало 116 сообраќајни жртви.