Објавен e повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор”. Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор”, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.