На барање на граѓаните, Државниот пазарен инспекторат изработи флаер со објаснување на новиот Закон за заштита на потрошувачите. Мешу останатото, Законот вели:
Промотивна продажба е на нови производи, која се проведува во рок не подолг од 8 дена, а акциска продажба е намалување на цена на ограничен број производи, која се спроведува во рок не подолг од 30 дена. Летното сезонско намалување трае од 25 август до 25 септември, а зимската распродажба трае од 25 декември во тековната до 25 јануари следната година.
Ова се дел од насоките за потрошувачите, кои Државниот пазарен инспекторат ги пласира на флаер на кој нуди поедноставено објаснување на новиот Закон за заштита на потрошувачите.
Законот за заштита на потрошувачите стапи во сила на 15 ноември лани, во период на сезонски и предпразнични намалувања на цените на стоки и услуги, за што имавме грганите реагираа масовно. посочуваат од ДПИ.
Меѓудругото флаерот нуди објаснување дека трговците мора јасно и видливо да ја означат грешката на понудениот оштетен производ, а оние производи на кои им изминува рокот, а се со пониски цени, мора да бидат јасно истакнати. Инаку, распродажба на производи е дозволена само ако трговцет престанува со работа, се сели во друг дуќан, престанува да нуди одредени стоки или врши реновирање.