Општина Виница успешно ја заврши постапката за продажба на државно градежно земјиште за изградба на објекти за индивидуално домување и за комерцијална дејност, а на буџетската сметка ќе наплати околу 3,1 милиони денари, што е за три пати повеќе од очекуваниот приход.