Штипскиот боречки клуб Балканец ќе стартува со младите борачи во новата сезона. Тимот, во моментов ќе се подготвува до 20 јануари во Штип. На првите тренинзи се се поприсутни младите борачи, бидејќи тие ги имаат и првите првенства – изборното и Државното првенство. Годинава ќе има и европско и светско првенство. Стручниот штаб на Балканец е оптимист во очекувањето,годинава клубските витрини да ги пополни со нови трофеи и медали.