По долги години, денес на штипскиот пазара се продаваше и магичниот напиток , расолницата.
Репутацијата на незаменлива во многу нешта, расолницата кај народот ја има стекнато преку долгата традиција на докажување од стотици години.
Освен кај граганите, за неа добри заклуоци и пофални зборви има и науката.
Расолницата изобилува со витамин Ц, а содржи и натриум, железо, калциум. Одлична е во борбата против тегоби во желудникот и цревата, помага при остеопороза, го чисти организмот од токсини и делува против запек. Се смета за природен лек против висок крвен притисок, а во комбинација со лажичка маслиново масло е супер оружје против камен во жолчката, велат експертите.
Што поради се ова треба да се прави?
Овој празничен петок градскиот пазар во Штип изобилуваше со производи, но и со муштерии, а цените беа следни: Мандарина 70, јаболко 30, лимон 80, банана 100, марула 30, млад кромид 20, ротквица 20, спанак 50, брокула 100, тиква 20 денари за кг.