Газдите повцторно скусија од работниците и во најголем дел им исплатиле помала сума за К 15 од предвидените со закон. Анкетата што ја спроведе порталот Работник, покажува дека повторно имало работодавачи кои воопшто не им исплатиле К-15 на своите вработени.
Во одредени фирми, најчесто приватни агенции за обезбедување им биле исплатени само 100 денари К-15.
66,87 % од испитаниците истакнале дека им била исплатена помала сума од предвидената, а 33,13 % одговориле дека работодавачите исплатените пари им ги барале назад.
Ова за Синдикатот е крајно неприфатливо и класичен пример за кршење на работничките права.
Поради ова, од ССМ советуваат.
Инаку, висината на регресот познбат како К 15 која лани требаше да им биде исплатена на работниците изнесуваше 12,740 денари.