Девизните резерви на крајот на декември 2022 година изнесувале 3.86 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 38,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност , по што следуваат валутите и депозитите и монетарното злато.