На танцовиот натпревар што се оддржа во Салерно, Италија, штипјанката Клара Бојаџиева освои прво место и златен трофеј во категоријата класичен балет соло до 14 години. Бојаџиева беше во единствениот четиричлен македонски тим, од штипското балетско студио Арабеск.Девојчињата од Арабеск учествуваа и на едукативниот зимски камп, каде се сретнаа со различни танцови дисциплини и педагози.