Од денеска ЈП „Исар“ Штип располага со специјализирано возило за одзатнување на канализација, Канал џет. Од ваков возило „Исар“ имаше потреба со години на ред, бидејќи канализационите проблеми се секојдневни,а нивното одстранување беше скапо и бавно.
Сега Исар, изјави директорот Трајан Коцев, ќе биде далеку поефикасен и поекономичен при одстранувањето на вакви дефекти.
Ова е уште една потврда за важноста на соработката помеѓу локалните и централните институции.
Што се однесува до возниот парк на ЈП Исар надвор од функција е само еден камион лија поправка ќе биде завршена наскоро, а директорот Трајан Коцев побарал и листа на која ќе се забележат сите потреби на претпријатието.