Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 %, а цените на мало од 12.6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Најголем пораст има кај цените на храната и транспортот за 20 односно 19 %, комуналии 13, а здравствените услуги и лековите поскапеле за 4 %.
Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%.