Нов емигрантски бран и се заканува на Хрватска, пишува загребски „Вечерњи лист“, притоа како причина наведувајќи ги новите поскапувања како последица на воведувањето на еврото и високата инфлација. „Ако младите со просечна плата од илјада евра не можат да си дозволат стан кој чини две, три или повеќе илјади евра за метар квадратен, ниту пак се достапни за изнајмување станови со поволни цени, што ќе ги задржи тука?“, пишува весникот.