Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога.Припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.