Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија при претворањето на куните во евро. „Се случи дел од деловните субјекти да ја искористат размената на куни во евро и да ги покачат цените под превезот на „заокружување“, изјави Пленковиќ пред новинарите во Загреб.