Во сите сегашни и идни правни искушенија штипјани застануват зад нивниот сограганин , кардихирургот со светско реноме Жан Митрев, зашто тие не веруваат дека тој правел нешто што не треба. Ова е став на граганите откако против него обвинителтсвото поднесе кривична пријава за измама.
За штипјани, Митрев е синоним на врвен професионалец но и хуманист од највисоко ниво.
Во насока дека е невин, реномираниот кардиохирург денес категорилно изјави.
„Јас не се плашам од обвинение, ќе се докажувам ако треба 100 години за тоа бидејќи нема такво нешто. Јас ќе одам и ќе се докажувам пред суд. Јас сум жртва, планирано со сценарио до ден денес. Никого не сум измамил. Од почетокот до денес работам искрено. Направив врвна болница, се задолжив многу и нема факт и аргумент дека некој сум сакал да измамам“, изјави Жан Митрев
Жан Митрев е еден од најсилните брендови на Штип во неговата нова историја од каде тргнува и неговото лансирање во височините до кои стигна. Што и да се случи на крајот од оваа приказна, Митрев во Штип сојузник ке има секогаш, порачуваат неговите поддржувачи.