Владата не може да влијае на сите цени, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, се уште се преземаат мерки за помош на компаниите и намалување на цените, но тоа не може да овозможи драстичен пад на сите цени во маркетите.
Во однос на моменталната состојба со цените, Бектеши истакна дека досега преземаните мерки ги дале очекуваните резултати.
Иако, Државниот завод за статистика пресмета инфлација од над 14 %, Бектеши истакна дека инфлацијата е пресметувана во споредба со цени кои биле замрзнати , а не со реални пазарни цени, поради што е и толку висока.