Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2022 година. На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2022 година; најдобар млад надежен спортист; најдобра екипа; најдобар тренер; спортски работник. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнири, државни и меѓународни натпревари). Рокот за пријавување е до 19 јануари 2023 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.