На 29 јануари продолжува пролетната сезона во Втората кошаркарска лига. Штипските кошаркари ќе се обидат по 6 години да се вратат во Првата лига.Штипјани имаат една единствена цел- да стигнат први или втори на табелата на крајот од првенството, со што ќе имаат привилегија во нокаут мечевите во третите средби да играат дома. Засега има три екипи кои конкурираат за првите две места на табелата- Вардар, Соколи и Анѓели.
Во првата средба од вториот дел КК Соколи 1933 ќе игра со МЗТ Скопје уни банка. За подсетување,во есенската средба, штипјани во последната секунда постигнаа три коша и победија со еден кош разлика.