Германија има голем економски придонес на Балканот, но со последната објава дека планира да земе околу 50.000 неквалификувани работници, таа станува економски непријател на тој регион, оценува бизнисменот Горан Рафајловски.
„ Германија во овој момент е најголем непријател на цел Балкан. Од една страна дава средства, помага и тн., но е сериозен непријател со објавата дека ќе земе неквалификувана работна сила од 50 илјади луѓе од Балканот. И уште 50 илјади поинакви да отидат или да изгубиме 5 години по 150 илјади луѓе, само во Германија, ќе одат и на друго место…ако изгубиме околу 1,5 милиони од работоспособниот дел на Балканот, ние повеќе ќе немаме економија“, изјави Рафајловски.
Овој потег на економоската супер силе воопшто не е добра вест за нашата економија која и така веке долго страда за работна рака.
Економската размена со Германија е најголема и таа изнесува 4,7 милјарди евра годишно, што ова аевропска држава ја прави прв трговски партнер на Македонија. Германија особено е важна за текстилниот сектор бидејки речиси 80% работата стигнува оттаму.