4 дена жителите од улицата Страшо Ербапче во Кочани сообракајно се блокирани. Тие до своите дворови неможат да стигнато со возила бидејки на улицата има отпадоци од работа на градежената група.
„По невремето од 24.07.2022 година попушти потпорниот sид на слепата ул.,,Страшо Ербапче“ Во Кочани. Иако уредно веднаш од страна на граѓаните што живејат на таа улица беше пријавено во општината, тие се сетија дури на ден 09.01.2023 година да дојдат и да го поправат. По еднодневната работа го срушија потпорниот sид, ги оставија отпадоците од истиот на сред пат, и си заминаа. Веќе четврти ден улицата е блокирана и пеш е тешко да поминеш а со возило, никако. Место да ни помогнат, тие ни направија поголем проблем. Ги известивме надлежните во Општина Кочани а отаму добивме одговор дека ЌЕ се острани блокадата од патот, ама изгледа заборавија.“
Поради ова, граганите јавно прашуваат?
„Која фирма ја плати Општината за овој проблем? Како можат да блоќират пат и да си заминат? Лудница, ќе мораме сами да си го расчистиме патот ако и денес заборават да си ја довршат работата.
Од општина Кочани за проблемот на „Страшо Ербапче“ велат дека е неправен под страна на поединец и ќе ги преземат сите мерки за санирање.