Народната банка на Србија објави дека и покрај зголемената глобална неизвесност, Србија минатата година забележа рекорден прилив на странски директни инвестиции. „Од почетокот на јануари, заклучно со 10 декември, приливот на странски директни инвестиции изнесува 4,1 милијарди евра, така што извесно е дека ќе имаме нов рекорд во 2022 година“, наведуваат од НБС.