Двајца четириесет и петгодишници, едниот од Штип, вториот од Куманово биле приведени при обид за кражба. Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати при обид да одземат материјали од објект во изградба на улицата „Доктор Рибар“ Куманово.
Истите биле приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни пријави.