Поставување на нови сообраќајни знаци и воведување на т.н Зона 30 се спроведува во неколку населби во Делчево. Со оваа активност е планирано да се постават 290 сообраќајни знаци и опрема. Сообраќајна сигнализација се поставува на улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Острец“ , „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и локалниот пат Делчево – Тработивиште, улиците „3“и „4“ кои водат до новиот градски пазар.