Годинава инфлацијата постепено ќе забавува и ќе се стабилизира на 8 % предвидуваат проекциите на Народна Банка.
Најновата Анкета на Европската централна банка за инфлациските очекувања покажува дека кај краткорочните инфлациски очекувања сѐ уште има одредени нагорни поместувања речиси кај сите економии, но позитивно е што долгорочните инфлациски очекувања се главно стабилни. Неопходно е инфлацијата да се врати на одржлив пат и со тоа да се зачува куповната моќ на населението и да се поддржат инвестициите преку намалување на неизвесноста, истакна гувернерлата Анита Ангеловска-Бежоска.
Ризиците околу проекциите се нагорни и зависат од три клучни претпоставки: цените на примарните производи да се стабилизираат, застоите во синџирите на снабдување и натаму да се намалуваат и инфлациските очекувања да се стабилизираат.
Пред неколку денови, Статистика пресмета годишна инфлација од над 14 % и над 18 отстотна инфлација за декември.