Најавите дека Германија годинава планира увз на 50 000 работници од Балканот го запалија црвеното светло кај домашните компании. Експерти и бизнисмени коментираат дека доколку се случи, економија на Балканот повеке ќе нема.
Бизнисменот и консултант Горан Рафајловски е убеден дека не 50 туку веднаш во Геманија би заминале над 150 илјади мади и квалификувани работници, за одредени дејности кои се дефицитарни секаде.
Ние ништо не работиме на таа тема како да си ги задржиме сопствените луѓе тука. Не издвоивме ниту еден план како и на кој начин гледаме дека можеме земјата да ја направиме самоодржлива. Ние сме неодржливи сами за себе. Ние сме прехранбено зависни, енергетски зависни, автопатски сме катастрофално нерешени“, рече Горан Рафајловски бизнисмен.
Очакувањата кај експертите се дека Многу е извесно дека Германија ќе го реализира зацртаното.
Грусвески смета дека Германија добро ги познава работниците од Балканот кои се вредни и трудољубиви и смета дека е предоцна нешто да се стори бидејќи граѓаните на Македонија не си заминуваат само поради ниските плати.
Германската Влада оваа одлука ја донесе уште во 2019 година, но пандемијата го одложи целиот проект поради стагнација на светските економии.