Пробиштип со уникатна традиција за Богојавление. По чесниот крст, со генерации наназад скокаат младоженците кои минатата година , меѓу две Богојавленија стапиле во брак. Ова е тредиција стара колку и скокањето по Крстот во овој крај и се негува до ден денешен.
Шанса да го фатат крстот им се дава и на други жители на оваа општина. Сите тие, своето учество во манифестацијата, задолжително треба да го пријават во црквите во Пробиштип и Злетово.
Чесниот Крст во Злетово со почеток во 7:30 часот ќе се фрла на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот.
Во мегу време 25 штипјани досега се пријавиле да скокаат по СДветиот крст, на две места во Штип.
20 тина момчиња засега на списокот за скокање по Светиот крст се пријавиле во Кочани.
Во Штип чинот на факање на Светиот крст започнува во 10 часот во Ново Село и час подоцна на камениот мост кај градинката Астибо.Во Кочани терминот е закажан за 12 часот. Присуството на митрополитот г. Иларион е најавено за Штип и Кочани.