Даниел КАЛОВ е еден од најдобрите кошаркари на КК Соколи, се враќа во Штип од Англија. По тој повод тој изјави. „Се враќам утре. Веднаш ќе се приклучам на екипата на тренинзите. Искрен да бидам, јас сум убеден дека напролет ќе играме и подобро и на крајот ќе се најдеме во горниот дел на табелата, за да имаме и предност кога ќе се играат нокаут средбите. Верувам , сонот на нашите фанови и на градот ќе го реализираме- да се пласираме во Првата лига, каде играв пред 6 години за екипата на УГД…“- вели искусниот Даниел Калов.