Недостатокот и огромниот одлив на работна рака Македонија ќе го компензира со увоз на работници од Турција, Албанија, но и некои азиски земји, потврдуваат од организацијата на работодавачи.
Според Димитров работниците од овие земји се докажани како вредни, а сегашните плати во Македонија на нив ќе им овозможат заработувачка.
Планираниот увоз на работници ќе ја смени сликата, а работната конкуренција ќе се изостри. Дали ова нешто ќе промени во синдикалните односи.
Увозот на работна сила треба да започне од пролет, а претходно заинтересираните компании треба да достават податоци каков профил на работници им требаат, по што во соработка со тамошните агенции за вработување тие со регулиран статус би дошле во Македонија.