ЈП-ја од Регионот добија од 40 до 100 % пониски сметки за струја , откако беа ставени на листата на потрошувачи со повластена цена.
На ЈП „Брегалница“ – Делчево повластената позиција му донесе 100 % помала сметка за декември.
Во најголемото ЈП –е во регионот, штипски Исар новата сметка за струја се уште ја очекуваат, но и таму се оптимисти дека таа ќе биде многу помала од претходните.
Струјното олеснувањето за менаџерите на јавните претпријатија доаѓа, откако по неколку преговори и инсистирања, од 01 декември за нив важи повластена цена на струјата од 95 евра за магават час.
Ваквата поволност во декември ја искористија вкупно 50 ЈП-ја и 233 основни и средни училишта.