Во сабота, 21овој месец,според информациите од претседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, ќе се одржи Изборно државно првенство во борење, сениори. На првенството се очекува да земат учество сите борачи кои се заинтересирани да го носат дресот на македонската репрезентација на идните меѓународни приредби. Се очекува да се појави и најдобриот спортист на Македонија, Владимир Егоров, кој освои златен медал на ЕП, и кој според анкетата на бугарската агенција БТА го дели 13 место меѓу најдобрите спортисти на Балканот. Изборното првенство ќе се одржи во Скопје, а организатор боречкиот клуб Лирија.