Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите невработени лица да го дооформат своето средно стручно образование преку најновата пилот програма „Втора шанса“. Преку „Втора шанса“ 200 граѓани од земјава ќе имаат можност да го завршат своето средно стручно образование. Оваа програма ќе се спроведе од страна на средни стручни училишта за следните струки: Машинска, Електротехничка, Угостителска и Градежна.