Политичкиот аналитичар Нејмендин Спахиу рече дека доколку Белград и Приштина не постигнат конечен договор пред март, постои опасност од војна. Спахиу за приштинските медиуми изјави дека војната може да избие затоа што двете страни сакаат да покажат доминација над северот на Косово, а „Западот би можел да ги остави да се борат ако види дека не постигнат договор“.