Жестока критика упати денес светиниколскиот градоначалник Дејан Владев за Клиничката болница во Штип. Владев, настапи како роднина на пациентка , крајно револтиран од условите во Болницата.
Од овие причини, Владев упати и јавен апел до сите надлежни институции под итно да преземат нешто за подобрување на условите во КБ – Штип.
Телевизија стар денес побара одговор и од директорот на Болницата Ален георгијев, но тој беше недостапен.