15.9 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

РЕГИОН: Кокави се платите на претседателите?

Иако вчера му беше зголемена платата за 12.5 %, српскиот претседател Александар Вучиќ сепак ќе зема најниска плата од сите негови колеги во регионот и таа ќе изнесува околу 170.000 динари месечно што е околу 1.500 евра. Таа плата е сепак помала од претседателите на другите земји од регионот.

Највисока плата во овој дел од Европа има претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, чии примања се 3.322 евра месечно.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ за функцијата што ја извршува е платен 3.000 евра.

Досегашните членови на Претседателството на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ на своите позиции заработуваат по 2.922 евра месечно. Во однос на платата, веднаш зад нив е претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, чија плата е 2.420 евра.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, заработува 2.208 евра месечно, а платата што ја добива претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски е 1.500 евра.

Она што е интересно е тоа што Александар Вучиќ нема помала плата од само претседателите на земјите во регионите, туку е помала од онаа на директорот на Поштата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,867FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles