Паркирани возила и сообраќајна гужва секојдневно во утринските часови го блокираат еден од приодите до Итната медицинска помош во Штип. Приодот кој се користи како поблиска врска до левиот дел од градот, неретко е неупотреблив поради сообраќајниот хаос. За да се избегне плаќање на паркинг, голем број граѓани возилата ги оставаат овде, со што го оневозможуваат или сериозно попречуваат приодот од и до Брзата помош.
На гужвата реагираат и тамошни жители, на кои им е блокиран приодот кон нивните домови.