Извршена е конечната распределба на социјалните станови во Виница. Во тек е изготвување на решенијата, по што ќе следува и поделба на клучевите на лицата кои ги добија становите. Станува збор за 29 станови наменети за неколку категории лица од социјален ризик.