Со мерки и програми владата најави дека ќе се обиде да ги задржи неквалификуваните работници во Македонија. Најавата од Германија дека годинава ќе бара 50.000 работници од Балканот го вклучи црвеното светло во Владата. Над 100 илјади невработени има во моментов, а дури половина од нив се интересни за најмоќната европска економија.
Во контекст на овој проблем е и растот на минималната плата која од пролетва треба да изнесува над 20 илјади денари. Дали ова е доволно барем дел од работницит да се предомислат и отанат во државата?
„За неквалификувани работници има многу побарувачка кај нас… Заработуваат од 18 илјади денари па нагоре, меѓутоа имаат и повисоки плати. Зависи од секторот што работи, зависи од условите во кои работи, ризикот“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Од друга страна, за граганите, планот на Германија никој не може да го сруши и порано или подоцна работниците од држвата ќе си заминат.
Во иста насока размислува и консултантот и бизнисмен Горан Рафајловски.
„Државата досега не покажа ниту малку интерес граганите да останат во држвата. Доколку Гетманиј овој од Балканот однесе 50 000 рабтници, нашата еконимија ќе ја снема“ , изјави Рафајловски.