Речиси 90% од фирмите и над 70% од граганите се зависни од банките и нивните пари. Зависноста има нагорен тренд и таа само ја потврдува лошата екониска состојба.
Во истиот контекст, во последниот Извештај на Народната банка стои.
„Вкупните депозити во банките лани оствариле раст од 4,9 насто, а кредитите 9,4 проценти, со тоа што во последниот месец од 2022 бележат зголемување од 1,4 проценти. Движењата кај кредитирањето се должи на зголемената побарувачка и од граѓаните и од корпоративниот сектор, кој доминира во овој поглед.“
Резутат на сето ова е раст на користење кредити кој во стопанството е 11,5 насто. Зголемување има и кај денарските и кај девизните кредити, но предничат вториве. Кредитите во денари преовладуваат во декември, каде што вкупното месечно кредитирање бележи пораст од 2,6 проценти.