15.5 C
New York
Saturday, September 30, 2023

Buy now

spot_img

Ќе се укине ли ли Зелениот картон во име на други повисоки давачки?

Можно е укинување на зелениот картон и воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, како што тоа е дефинирано со директивите на ЕУ, иако ова треба да се случи дури по влегување на земјата во Унијата.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека заедно со Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување, веќе прават анализи за преминување кон овој модел.

Ова за граѓаните кои поседуваат возила ќе значи и поскапување на осигурувањето, бидејќи во него ќе биде опфатено осигурувањето од автоодговорност и износот за зелен картон, покрај регистрацијата.

Со оглед на тоа што примената на таквиот модел значително ќе ги зголеми трошоците на граѓаните при осигурување на возилата правиме анализи за преминување кон моделот што се применува во ЕУ, односно плаќање единствена премија за осигурување на моторните возила, која вклучува автоодговорност и зелен картон“ , изјавија од Министерството за финансии.

Инаку според актуелниот Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, единствената премија е предвидено да почне да се применува кога земјава ќе стане полноправна членка на ЕУ. Паралелно, граѓаните и превозниците бараат поевтин зелен картон, бидејќи македонскиот е најскап во регионот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,875FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles