80-годишна жена од Штип била физички нападната и ограбена од страна на две малолетни лица. Тие жената ја нападнале додека одела по улица околу 17.00 часот и ѝ одзеле чанта со паричник и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Напад на неговиот малолетен син , пак, пријавил жител во Кочани. Инцидентот се случил на плац за откуп на отпадни материјали, а како напаѓач е посочен сопственикот.
Средовечен пробиштипјанец си го нападнал семејството, рано утринава. бесот тој најнапред го насочил кон неговиот 24-годишен син кон кого се одленувал агресивно и му се зканувал, а потоа агресијата ја продолжил и кон останатите членови на семејството.
Сите случаи на насилство и напад се предмет на полициска истрага.